
Капитенот Горан Пандев се приклучи на иницијативата за одлагање на бараж-натпреварот меѓу Македонија и Косово. Најдобриот македонски фудбалер изрази надеж дека полуфиналето од Лигата на Нации би можело да се одигра во друг термин, кога ќе нема опасност од коронавирусот, бидејќи фудбалерите заслужуваат на овој меч да ја имаат поддршката на верните навивачи, а потоа и по натпреварот да се радуваат на победата со нив.
„Пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено жолта боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме сето она што фудбалски го пропуштивме во последните дваесетина години. Дајте ни шанса за вистински стектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од ЕП. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа, но дајте ни можност да го оствариме и сето она за што сме сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот. И заради здравјето и затоа што е фер и спортски“, напиша Пандев на својот профил на инстаграм.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
