Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, ќе биде подготвен за настап за утрешниот дуел против Израел. Тој ги надмина здравствените проблеми поради кои го пропушти претходниот меч против Австрија.
„Подготвен сум за дуелот со Израел, а дали ќе настапам, тоа секако зависи од селекторот. Посакуваме победа, ќе биде одлично групата да ја завршиме на третото место, што би бил најголем успех во досегашните квалификации. Мислам дека со игрите заслуживме да завршиме на третото место, имавме само еден лош натпревар против Австрија на домашен терен“, изјави Горан Пандев.
Натпреварот меѓу Македонија и Израел е закажан за утре на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20.45 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













