
Горан Пандев се наоѓа на врвот на листата со желби на Интер во последните два дена од преодниот рок, откако „нероаѕурите“ решија да најдат евтина варијанта за четврта опција во нападот, зад Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез. Директорите на Интер не се договорија со Челси за Оливие Жиру, пропаднаа и преговорите со Наполи за Љоренте, но тренерот Конте инсистира да му биде доведен уште еден голгетер до крајот на месецов.
Пандев делува како идеална опција, станува збор за играч што отсекогаш бил миленик на навивачите, но кој исто така се наоѓа и во одлична форма, веќе постигнувајќи пет гола за Џенова сезонава во Калчо-лигата. Тој би дошол за минимална отштета, а воедно и би се задоволил со улогата на „џокер“ на Конте, нешто што не беше случај со Жиру при преговорите со францускиот репрезентативец.
За Пандев ова би претставувало враќање назад во Интер девет години по заминувањето од овој клуб, во кој Македонецот го оствари и најголемиот успех во кариерата со тројната круна во сезоната 2009/10 под водство на Жозе Мурињо. Пандев има одиграно 68 средби за Интер, постигнувајќи осум погодоци пред да се пресели во Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
