
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев одигра одлична сезона во дресот на Џенова, а бајката е комплетна со пласманот на Македонија на Европското првенство. Но, сега се повеќе се споменува и фактот дека можеби „Гранде Пандев“ нема да се пензионира оваа година, туку ќе игра уште една сезона.
„Моето пензионирање? Сега уживам во обезбедениот опстанок со Џенова, потоа ќе игра со Македонија на Европското првенство. Мојата идеја останува да ставам крај на кариерата после Европското првенство, но не знам ништо дефинитивно“, изјави Горан Пандев за „Скај Спорт Италија“.
Пандев добива одмор до 25 мај кога треба да се приклучи на првиот собир на националниот тим на подготовките за пласман на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
