
20 години кариера, безмалку толку и во дресот со националниот дрес, ако се изземе периодот кога беше „навреден и налутен“ и не играше за репрезентацијата на Македонија. Но, „Гранде Мачедоне“ се врати на повикот на селекторот Игор Ангеловски и оттогаш почна бајката која кулминираше со обезбедениот пласман на Европското првенство.
Токму Горан Пандев беше стрелец на победничкиот гол на финалниот плејоф – меч од Лигата на нации против Грузија (0-1) во Тбилиси и ја одведе Македонија на Европското првенство. Успех за кој само сме можеле да сонуваме, а сега сме на неколку дена пред историскиот прв меч на „црвено-жолтите“ на најголемата фудбалска смотра на континентот.
„Некои нешта вреди да ги чекаш. Среќни сме, многу сме среќни, што успеавме да оствариме историски пласман на Европско првенство. Тоа е најголемиот мој личен успех во кариерата, но и најголемото достигнување на фудбалски план за Македонија. Успеавме да го оствариме сонот на сите генерации Македонци“, вели Горан Пандев во посветената сторија за Македонија во магазинот „FourFourTwo“.
Македонија направи светска сензација и со триумфот над Германија (1-2) во квалификациите за пласман на Светското првенство. Горан Пандев и Елиф Елмас беа стрелци на головите во историскиот триумф.
„Германија немаше пораз дома цели 20 години. Но, ние верувавме дека можеме да изненадиме. Ако не верувате во чудо, не можете ниту да го остварите. На крајот, и тоа ни успеа. И сега малку се шегуваме…Можеби не требаше да ја победиме Германија, сега очекувањата од нас се многу поголеми, пред Европското првенство“, потенцира Горан Пандев.
Македонија за првпат во историјата ќе биде учесник на сениорско Европско првенство. Дебитанскиот меч ќе биде против Австрија на 13 јуни во Букурешт. Четири дена подоцна следи дуелот против Украина, а првата фаза завршува со дуелот против Холандија на 21 јуни во Амстердам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
