Дисциплинската Комисија при „Серија А“ го казни Горан Пандев со 2.000 евра, поради обидот на македонскиот фудбалер да изглуми пенал во самиот финиш од натпреварот меѓу Џенова и Лацио. Капитенот на нашата репрезентација несмасно падна во шеснаесетникот, веднаш при станувањето јасно стави до знаење дека не бара пенал, но судијата не покажа милост, вадејќи го жолтиот картон од џебот.
Денеска се изјаснија и „дисциплинците“, кои го казнија Пандев со 2.000 евра парична санкција, бидејќи „симулирал за да добие пенал во противничкиот шеснаесетник, како што е наведено во официјалната одлука.
Одредени беа и суспензии од по еден натпревар неиграње за 12 фудбалери во пресрет на следното коло од „Серија А“, кое ќе го пропуштат: Жоао Педро (Калјари), Берарди (Сасуоло), Емре Џан (Јувентус), Де Рон (Аталанта), Сусо (Милан), Депаоли (Киево), Фофана (Удинезе), Џакерини (Киево), Инсиње (Наполи), Линети (Сампдорија), Ринкон (Торино) и Скиатарела (СПАЛ).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













