Connect with us

Пандев: Ќе играм уште една година, сакам да им помогнам на младите во Македонија…

Горан Пандев во изјава за италијанските медиуми уште еднаш го потврди својот план – да одигра уште една сезона во обид да се избори за пласман на ЕВРО 2021. Нашиот капитен има зацртано да ја заврши кариерата на крајот од сезонава, но одлагањето на ЕВРО 2020 за една година го натера да ги промени плановите. Воедно, Пандев проговори и за своите планови по завршувањето на кариерата.

„Сакав да ја спасам Џенова од Македонија и да се пласирам на ЕП со Македонија, но оваа трагедија со коронавирусот смени буквално се. Дефинитивно, сакам да играм уште една година. Јас никогаш нема да бидам тренер. Размислував на оваа тема, но мислам дека подобро ќе се снајдам во некоја извршна функција во управата на клубовите. Сакам и да им помогнам на младите луѓе во Македонија“, вели Пандев.

Тој откри и за случувањата пред крајот на јануарскиот преоден рок, кога ја одби понудата на Интер за да остане во Џенова.

„Интер се јави, тоа е клубот на кој му должам се за мојата кариера. Ми понудија договор на шест месеци, а потоа и останување во клубот на некое директорско место. Сепак,не сакав да ја оставам Џенова среде сезона, во период во кој се бори за опстанок во елитата. Затоа и решив да останам и не зажалив за одлуката“, истакна македонскиот ас во Калчо-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови