Горан Пандев беше стартер во составот на Џенова кој истрча на теренот во Верона и одигра реми без голови против домашниот тим. Џенова се уште се бори со пандемијата на Covid-19 која го зафати тимот, а Пандев е еден од „среќниците“ кој успеа да го избегне коронавирусот.
Во 33.минута, Пандев имаше убава можност да донесе предност за Џенова, но неговиот удар со десната нога успеа да го одбрани голманот на Верона, Марко Силвестри.
Искусниот Пандев издржа на теренот до 79.минута кога на негово место во игра во тимот на Џенова влезе Виторио Париџини. Џенова по три одиграни меча има четири освоени бода на табелата во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб













