Connect with us

Пандев е „младо момче“ за Кирали: Најстарите фудбалери на европските првенства

Европското првенство започнува во петок со натпреварот меѓу Италија и Турција и никој нема да го урне рекордот на Габор Кирали, унгарскиот голман кој е најстариот играч на европските првенства.
Кирали имаше 40 години и 86 дена кога играше за Унгарија на 26 јуни 2016 година во натпреварот од осминафиналето на Европското првенство против Белгија.

Кирали на тој меч го прескокна легендарниот Германец Лотар Матеус, кој го држеше рекордот на 39 години и 91 ден со настапот за „елф“ против Португалија на Европското првенство 2000 година. Тоа беше 150-ти и последен настап на Матеус во дресот на националниот тим.

Горан Пандев, капитенот на македонскиот национален тим се уште нема ниту полни 38 години и делува како „младо момче“ во однос на рекордерите.

Најстариот играч што може да се пофали со европската титула е Португалецот Рикардо Карвалјо, кој имаше 38 години и 53 дена во 2016 година кога Португалија ја победи Франција со 1-0 во финалето на последниот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови