Најдобриот македонски фудбалер и капитен на националниот тим Горан Пандев е номиниран за најдобар спортист на Македонија за 2020 година. Тој го постигна победничкиот гол за пласман на Европското првенство и ја предводеше македонската фудбалска репрезентација до најголемиот успех во историјата. Во оваа категорија за најдобар спортист за изминатата година номинирани се и Дејан Георгиевски (таеквондо) и Емил Павлов (карате).
Селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски е меѓу номинираните во категоријата најдобар тренер – селектор, а покрај него се и Борче Костовски (таеквондо) и Сашко Арсовски (карате).
Фудбалската репрезентација на Македонија е номинирана за најуспешен национален тим, заедно со ракометната репрезентација и со одбојкарската репрезентација.
Интересно, и Фудбалската федерација на Македонија, иако АМС има замерки за статутот, е нонинирана за најуспешна спортска федерација за 2020 година заедно со Таеквондо федерација, Карата федерација, Ракометна федерација и со Одбојкарска федерација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













