
Најдобриот фудбалер на Македонија на 20.век, Дарко Панчев, ја критикува ситуацијата во најтрофејниот клуб Вардар. Во моментот клубот е оставен пред распаѓање, а Панчев вели дека дошол во Вардар навлечен од приказната дека Сергеј Самсоненко ќе инвестира.
„Дојдов во Вардар повлечен од приказната на Сергеј Самсоненко дека ќе инвестира. Но, како што минуваше времето, видов дека од тоа нема ништо. Многу лажговци кружат во фудбалот во поранешните југословенски простори, па ние што сакаме да направиме нешто добро, не можеме од такви луѓе“, потенцира легендарниот македонски фудбалер.
Панчев ја истакна и големата победа на Македонија против Германците во квалификациите за СП 2022 во Катар.
„Македонија оствари историски успех. Секоја чест за момците. Ја победија Германија на гости, а дваесет години тие дома не загубиле од никого. Како и зошто дојде до тоа, веќе е за подлабок анализа. Дали Германците им го дозволија тоа или нашите сами успеаја да го остварат. Од балканските репрезентации само Хрватска има континуитет. Словенија и Црна Гора паѓаат, а Босна и Херцеговина мислам дека мора да покажат повеќе. Што се однесува до Србија, убеден сум дека Пикси Стојковиќ ќе изгради моќна репрезентација“, вели Панчев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
