
Фиорентина го совлада Милан со 2-1 на домашен терен во седмото коло од Серија А. Јасин Адли постигна гол во 35. минута, а Алберт Гудмундсон го зголеми водството во 73. минута. Единствениот гол за Милан го постигна Кристијан Пулишиќ во 60. минута, a nатпреварот го одбележаа дури три нереализирани пенали.
Голманот на Милан, Мајк Мењан, успеа да го одбрани ударот на Моисе Кин во 22. минута.
Од друга страна, шпанскиот голман Давид Де Хеа, кој брани за Фиорентина, блескаше во судиското продолжение од првото полувреме, бранејќи го пеналот на Тео Хернандез, како и во 56. минута, кога го спречи Тами Ејбрахам да реализира од белата точка. Со овие одбрани, Де Хеа се издвои како херој на натпреварот.
Тренерот на Фиорентина, Рафаеле Паладино, имаше само пофалби за искусниот голман.
„Верувајте ми, тој сè уште е чудовиште. Тој е врвен голман, светска класа. Гледаме дека е вистински шампион. Треба секој ден да му бидеме благодарни, тој е одличен голман и вистински пример за сите нас“, изјави Паладино за 33-годишниот Де Хеа, кој го одигра својот шести натпревар за Фиорентина оваа сезона.
Шпанецот досега прими девет голови и има еден натпревар без примен гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
