Connect with us

Озил, сепак, нема да ја заврши кариерата

Портпаролот на Месут Озил ги отфрли шпекулациите дека фудбалерот ја завршил својата играчка кариера. Ова го објави ерманската новинска агенција, ДПА.


Турските медиуми во петокот објавија дека 34-годишниот фудбалер одлучил да го прекине договорот со Истанбул Башакшехир и дека нема да бара нов клуб.

Сепак, се покажува дека ова нема никаква врска со реалноста и Озил ќе остане во турскиот клуб до крајот на сезоната. Германецот поради повреди оваа сезона настапи на само четири натпревари за Башакшехир, а има договор до 30 јуни 2023.

Озил од петокот, кога беше објавена веста, не коментираше ништо по ова прашање на своите профили на социјалните мрежи, ниту пак официјално го коментираше случајот пред претставници на медиумите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови