
Ханси Флик сигурно ќе направи промени во играчкиот кадар на Барселона, а се чини дека веќе е познато кој би можел прв да го напушти клубот. Тоа е Серхи Роберто кому му истекува договорот, а со заминувањето на Чави Хернандез се чини дека ја загуби и поддршката.
По неуспешната сезона во која клубот не освои ниту еден трофеј, Барселона реши да направи промена на тренерската позиција, а наместо Чави на оваа позиција пристигна Ханси Флик.
Германскиот стручњак официјално е претставен како нов тренер на Барселона и веќе се „фрли на работа“ бидејќи е свесен дека го чека голем предизвик со оглед дека Жоан Лапорта и друштвото очекуваат Флик да може да ја врати Барса во врвот на европскиот фудбал.
И покрај проблемите со финансиите, се очекува Барселона да направи одредени промени во играчкиот кадар и да се обиде да го засили тимот, а за да го направи тоа мора да го ослободи буџетот кога се во прашање платите.
Шпанските медиуми пишуваат дека заминувањето на Чави било голем удар и за капитенот на оваа екипа, Серхи Роберто, кој се чини дека исто така ќе ја напушти Барселона на лето.
Роберто има договор со Барса до крајот на следниот месец и се очекуваше да ја продолжи соработката, но отказот на Чави донесе пресврт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
