
Часови по освојувањето на Шпанија на УЕФА ЕВРО 2024, од САД пристигна сензационална вест. Медиумите објавуваат дека селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, има интерес да го преземе националниот тим на САД. Според информациите, тој се распрашал преку своите агенти за условите под кои би можел да стане селектор на САД.
Информацијата е објавена од реномираниот „Вашингтон Пост“.
Менаџерите Масуд Рушандел и Висенте Монтес потврдија дека испратиле е-пошта со таква содржина до директорот на националниот тим на САД, Мат Крокер.
Тимот на САД остана без селектор по неуспехот на Копа Америка, каде што испадна уште во групната фаза. Американците веќе го побараа Јирген Клоп, кој ја одби понудата.
Шпанската фудбалска федерација изготви нов договор со значително повисока плата за Де ла Фуенте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
