
Расте бројот на заразени со коронавирус во редовите на Тотенхем, поради што е под прашање натпреварот против Рен во последното коло од Конференциската лига в четврток во Лондон. Во моментов, осум играчи и пет членови на стручниот штаб се позитивни на Ковид-19.
Клубот официјално не објави кои играчи се позитивни, но медиумите наведуваат дека меѓу нив се и Хјонг-Мин Сон, Лукаш Моура и Бен Дејвис.
„Проблемот е што секој ден имаме нови луѓе со Ковид-19. Луѓето кои вчера не беа позитивни се позитивни денес, а ние сè уште имаме контакт со луѓе за кои мислиме дека се негативни“, изјави менаџерот Антонио Конте.
Италијанскиот стручњак додаде дека на располагање има само 11 здрави играчи.
„Имавме тренинг. Се подготвуваме за натпреварот против Рен, но многу е тешко кога ќе ви кажат дека друг играч е позитивен, друг член на стручниот штаб е позитивен…Кој ќе биде утре? Ние? Друг играч?“, вели Конте.
Според прописите на УЕФА, клуб може да игра натпревар ако има 13 незаразени играчи, вклучувајќи голман од списокот од 25 играчи. Епидемијата е голем удар за Конте, чиј тим победи на последните три натпревари и сака да го задржи моментумот.
Тотенхем утре го очекува дуел против францускиот тим Рен во последното коло од групата Г на Конференциската лига. Францускиот тим е победник во групата, а Тотенхем и Витесе го бркаат второто место.
Тие се изедначени според бодовите (7), па ќе решава последното коло. Тотенхем го пречекува Рен, а Витесе ја пречекува словенечката Мура.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
