Connect with us

Осудени расистичките навреди кон Умтити

Натпреварот меѓу Лече и Лацио (2:1) од 16. коло во Серија А беше накратко прекинат поради расистички скандирања против двајца играчи на домаќините, Французинот Самуел Умтити и Замбиецот Ламек Банда. Навивачите на Лече се обидоа да ги задушат скандирањата на „лацијалите“ со извици „Јумтити, Јумтити“, а поддршката од трибините го расплака 29-годишниот Французин, кој игра за италијанската екипа како позајмен од Барселона.


По мечот, Лече го потенцираше инцидентот на социјалните мрежи.

„Расистичките скандирања беа задушени со охрабрувачки скандирања. Сите навивачи на „џалороси“ почнаа да скандираат само едно име, Самуел Умтити“, напишаа од клубот.

И претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не остана рамнодушен.

„Солидарност со Самуел Умтити и Ламех Банда. Да викаме јасно и гласно, НЕ ЗА РАСИЗМОТ!“, напиша првиот човек на светскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови