Поранешниот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ,. кој сега е фудбалски агент, имаше работен состанок со еден од најдобрите и највлијателни фудбалски тренери во историјата, Пеп Гвардиола.
Некогашниот играч за врска на Македонија ЃП, Вардар, Работнички и Партизан, е успешен фудбалски менаџер, и како што пишуваат српските медиуми, разговорот со шпанскиот стратег се однесувал на можноста за идна соработка. Стјепановиќ застапува голем број талентирани млади фудбалери од Србија и од Македонија, кои веќе го привлекоа вниманието на европските скаути.
Не се оди на работна средба со Гвардиола секој ден, па поранешниот македонски репрезентативец објави заедничка фотографија и напиша: „Овој разговор вреди повеќе од сè!“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













