
ГФК Осогово испрати соопштение во кое напоменува дека очекува Натпреварувачката комисија при ФФМ да ја прифати нивната жалба и да биде казнет Детонит јуниор поради неправилна регистрација на фудбалер, со што кочанци би останале во второлигашката конкуренција и следната сезона.
Осогово во своето жалбено барање сакаат да се разгледа случајот со Иван Настевски, кој моментално настапува во Детонит Јуниор. Овој фудбалер во текот на сезоната промени три клуба, а притоа влијаеше на резултатите на својата сегашна екипа во битката за опстанок. И притоа Настевски настапил во една сезона за сите три клуба, што е прекршување на одредбата од член 10 став 3 од правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери за натпреварувачка сезона 2021/22.
Во соопштенито на ГФК Осогово, се вели…
ГФК Осогово сака уште еднаш да потсети дека размислува и очекува дека членовите на Натпреварувачката комисија при ФФМ ќе донесат првилна одлука и дека ќе го почитуваат и ќе постапат по правилникот за регистрација. Како што дознаваме од неофицијални извори, комисијата сака во некои нивни лавиринти да го заобиколат правилникот и да се повикаат на други членови се со цел да се затвори случајот и да се заборави…
За да бидат нештата бидат појасни го цитираме Членот 10 од правилникот за регистрација:
„Фудбалерите смеат да бидат регистрирани за најмногу три клуба во текот на една сезона. За овој период фудбалерот има право за настап во два клуба на официјални натпревари, освен на случај на преклопување на сезони согласно ФИФА правилникот за статус и трансфер на играчи. Во сите околности мора да се земе во предвид спортскиот интегритет на натпреварувањето посебно дека фудбалерот не смее да игра на официјални натпревари за повеќе од два клуба кои се натпреваруваат во национално првенство или куп натпреварување во текот на една сезона!“.
Затоа потсетуваме дека Осогово не се жали на тоа дека фудбалерот Иван Настевски има играно на официјални натпревари и куп натпревари во три клуба во текот на една сезона и во националното првенство и во куп натпревар со што се прекршува Член 10 од правилникот за регистрација и бараме на клубот во кој играл давал голови со што влијаел дирекно врз резулататите на натпреварите да се санкционира според правилникот.
Не бараме вина од Фудбалската Федерација на Македонија за начинот на регистрација и тоа дали користел еден или два преодни рока или бил регистриран како Џокер бидејки никаде тоа не го пишува. Јасно е дека има право да биде регистриран во три клуба, но не смее да има настап за трите клуба во една сезона.
Се надеваме дека ќе победи разумот и дека Комисијата ќе го почитува својот правилник и дека ќе донесе правилна одлука а тоа е казна за клубот кој направил прекршок, се друго ќе го сметаме дека е пристрасно и непочитување на правилникот со што не само ние како клуб туку и сите други клубови кои чекаат да го видат исходот од овој случај ке ја изгубат довербата во Комисијата која сама нема да се испочитува.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
