Шкупи имаше лош старт на сезоната и се наоѓа во незавидна позиција на дното на табелата од ПМФЛ, но пред две кола успеаја да го освојат првиот бод по нерешениот резултат со Работнички.
Во продолжението на сезоната, екипата ќе има нов тренер, Минас Османи, кој потенцира дека тимот не патува во Кратово само за да учествува, туку целта е да се освојат бодови.
„Знаеме дека се наоѓаме во тешка ситуација и дека ни се потребни позитивни резултати, но она што ме радува е фактот дека атмосферата во клубот и во тимот е многу добра. Имам на располагање група на млади фудбалери кои носат енергија и позитивен дух, што е многу важно за нас како екипа. Иако официјално сум прв тренер само една недела, јас цело време сум бил покрај тимот, добро ја познавам екипата, секој играч и начинот на кој функционираме како група. Цврсто верувам дека со работа и посветеност ќе успееме да излеземе од оваа ситуација. Против Силекс не одиме само да учествуваме – одиме во Кратово да освоиме бодови. За нас секој натпревар е како финале. Работевме максимално во текот на неделата и сериозно се подготвивме за овој натпревар. Нашата цел е јасна – да ги освоиме трите бода и да си дадеме на себе и на нашите навивачи причина да веруваат уште повеќе во оваа екипа”, изјави Минас Османи, новиот тренер на Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













