
Еден од големите таленти на Манчестер Сити, Оскар Боб, потпиша нов договор со клубот кој ќе го задржи на „Итихад“ најмалку до летото 2029 година. 20-годишниот крилен напаѓач оваа сезона се проби во првиот тим и досега забележа 16 настапи за „граѓаните“ во сите натпреварувања.
Оскар Боб го имаше своето деби во Премиер – лигата во септември против Фулам и само две недели подоцна го одигра својот прв натпревар во Лигата на шампионите. Неговиот претходен договор со клубот траеше до летото 2026 година и заработуваше 50.000 фунти неделно. Според новиот договор, неговата плата е повеќе од тројно зголемена.
„Многу сум горд и почестен што го потпишав мојот нов договор со Манчестер Сити. Ова е најдоброто можно место за еден млад играч. Веќе научив толку многу од Пеп, неговиот стручен штаб и моите соиграчи. Фактот дека ќе бидам во клубот до 2029 година ми значи сѐ. Сега сакам само да се фокусирам на тоа да продолжам да се развивам и да работам колку што можам секој ден за да се обидам да му помогнам на клубот да постигне повеќе успеси“, изјави норвешкиот репрезентативец за веб-страницата на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
