
Скандалите околу Виктор Осимен во последните денови може да доведат до негово заминување, а во прв план повторно доаѓаат екипи од Саудиска Арабија кои покажуваат сериозен интерес за него, пренесува „Скај Спортс“. Сите проблеми околу напаѓачот започнаа пред неколку дена, кога на социјалните мрежи на Наполи се појави потсмевно видео од неговата лута реакција по промашувањето на пеналот против Болоња.
Брзо беше симната, но предизвика вистинска бура од проблеми. Агентот на играчот дури и се закани со тужба кон Наполи.
Токму оваа непријатна ситуација повторно предизвика интерес за него, а азиските тимови се на мислење дека Осимен ќе го засили притисокот врз Наполи и, на крајот, многу е веројатно дека во јануари ќе може да замине со добра понуда.
Медиумите додаваат дека и Реал Мадрид и Челси будно ја следат ситуацијата.
Лондончани имаат многу слаби резултати во нападот и покрај огромните фрлени средства во последните неколку преодни рокови. Николас Џексон не ја оправдува довербата што му беше дадена летото и од „Стемфорд Бриџ“ би се обиделе да земат напаѓач од класата на Осимен доколку имаат таква можност.
На Реал Мадрид секако му недостига врвен напаѓач по заминувањето на Карим Бензема, а во исчекување на одлуката на Килијан Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
