Connect with us

Осимен „снимен“ во Германија, дали Баерн замеша прсти?

Голгетерот на Наполи, Виктор Осимен денеска беше фотографиран во Берлин, што ги подгреа шпекулациите дека е блиску до преселба во Баерн Минхен. Германскиот гигант е еден од многуте кандидати за да го купи фудбалерот на новиот италијански шампион.


Осимен е фотографиран како излегува од хотел во Берлин со својата девојка Стефани Ладевиг и нивната едногодишна ќерка. Сепак, Стефани Ладевиг е од Германија и можно е тројцата да биле на гости кај нејзините роднини.


Според „Билд“, во моментов нема разговори меѓу Наполи и Баерн за Нигериецот, бидејќи Баварците веруваат дека неговата цена е превисока за нивните можности.


„Наполитанците“ во принцип не сакаат да се разделат со него, но доколку се согласат на тоа, се очекува сумата да биде над 100 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови