
Ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен, сака да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. Нигериецот веќе ги известил своите агенти дека можат да почнат да работат на евентуална зделка, открива „Скај Германија“.
Претседателот Аурелио де Лаурентис бара 150 милиони евра за својот голгетер. Двата клуба се уште не започнале преговори, но од „Алијанц Арена“ се свесни дека ќе мора да исплатат многу сериозна сума доколку сакаат да се засилат со Осимен.
Се вели дека Баварците се подготвени да го понудат Садио Мане на Наполи со цел да ја симнат цената на Нигериецот. Но, клубот од „Диего Армандо Марадона“, сепак, не може да си ја дозволи платата на Сенегалецот.
Другите опции на Баерн за нов централен напаѓач се Рандал Коло Муани, Расмус Хојлунд и Хари Кејн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
