Connect with us

Осимен потпишува нов договор со Наполи

Виктор Осимен е многу блиску до потпишување нов договор со Наполи, со што се очекува да стане најплатениот играч во историјата на клубот. Нигерискиот напаѓач и неговиот агент веќе со недели се во преговори со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Двете страни веќе постигнале договор, тврди „Скај Италија“.


Осимен ќе добива 10 милиони евра по сезона. Неговиот договор ќе биде продолжен за една година до јуни 2026. Ќе има ослободителна клаузула вредна 150 милиони евра.

Нема да има посебна клаузула за Саудиска Арабија од каде имаше сериозен интерес летово.

Ситуацијата со напаѓачот ја следеа и Челси и Манчестер Јунајтед, но сумата што ја побара Де Лаурентис ги одби од намерата да го купат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови