Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, е негативен на коронавирус и денеска ќе се врати во Неапол, известуваат медиумите на Апенините. Нигерискиот голгетер по вторпат во последните неколку месеци се зарази со Ковид-19, што го чинеше учество на Африканскиот куп на нации што денеска започнува во Камерун. Досега тој беше во карантин во својата татковина.
Сепак, Осимен нема веднаш да влезе во игра за тимот на Лучијано Спалети, бидејќи ќе одржи неколку консултации со хирурзите кои го оперираа неговото лице поради скршеница на коски на лицето по жестокиот дуел на дербито со Интер на крајот од минатата година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













