
Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен беше херојот на дерби натпреварот од италијанската Серија А одигран синоќа на „Олимпикo“ во кој неговиот тим Наполи победи со 1-0. Осимен го постигна победничкиот гол и ги воодушеви скаутите на Челси кои дојдоа на овој меч поради него.
Брилијантниот 23-годишен напаѓач е еден од клучните играчи во тимот на Лучијано Спалети, кој оваа сезона игра феноменално и со еден пораз е на врвот во Серија А.
Освен што се мачеше со повреда на бутниот мускул, постигна четири гола во досегашниот дел од првенството, а „наполитанците“ со неговите голови славеа на претходните два натпревари против Болоња и Рома.
Јасно е дека по она што го видоа, скаутите на Челси ќе му дадат зелено светло на менаџерот Грем Потер за трансфер на Нигериецот, но Наполи ќе биде многу тежок преговарач, а цената од 100 милиони евра што ја постави претседателот Аурелио де Лаурентис е сериозна пречка за „сините“.
Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед летово истот ака се распрашуваа за Осимен, но напаѓачот реши да остане во Неапол и да се обиде на клубот да му ја донесе титулата, прва по генерацијата на Марадона во 1990 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го претстави Немања Матиќ

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
