Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој беше опериран поради неколку скршеници на лицето кон крајот на ноември, се наоѓа на списокот од 28 фудбалери на Нигерија избрани за Африканскиот куп на нации (9 јануари – 6 февруари). Осимен беше опериран на 23 ноември и првично беше предвидено да биде недостапен три месеци.
Сепак, напаѓачот на Наполи на почетокот на неделата посочи дека добро се опоравува и дека ќе биде подготвен за Африканското првенство. Најдобриот стрелец на „наполитанците“ се повреди по еден жесток воздушен дуел со дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар.
Во групната фаза од Африканскиот куп на нацииво, Нигерија ќе се соочи со Египет (11 јануари), Судан (15 јануари) и со Гвинеја-Бисао (19 јануари).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













