
Асоцијацијата на професионални фудбалери во Италија ги додели своите награди за 2023 година. Наградата за најдобар фудбалер ја заслужи Виктор Осимен. Нигерискиот напаѓач беше во срцето на триумфот на Наполи во Серија А минатата сезона.
„Партенопеите“ ја кренаа титулата првпат по 33 години, а Осимен придонесе со 26 гола на 32 натпревари. Низ текот на годините, победници во најпрестижната категорија станаа легенди како Златан Ибрахимовиќ, Андреа Пирло, Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон.
За најдобар тренер е избран веќе поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети, кој сега е селектор на Италија. Под негово водство тимот од Неапол собра 90 бодови и не им даде никаква шанса на конкурентите на патот кон освојување на Скудетото.
Сосема логично, Наполи стана најдобар тим на годината. Квича Кварацкелија ја доби наградата за најубав гол. Грузиецот постигна прекрасен гол против Аталанта во март.
Доминацијата на Наполи е присутна и во идеалниот тим на годината. Шампионите ги претставуваат пет играчи: Осимен, Кварацкелија, Џовани Ди Лоренцо, Станислав Лоботка и Ким Мин-Јае, кој летото се пресели во Баерн Минхен. Интер и Милан имаат тројца свои играчи во идеалниот состав за минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Гави заминува на операција, потврди Барселона
