Connect with us

Осимен го тужи Наполи за скандалозно видео на „ТикТок“

Најдобриот стрелец на Наполи, Виктор Осимен, викендов вербално се судри со тренерот Руди Гарсија на мечот против Болоња, поради негова замена, а истиот меч може да биде точка на конечeн раздор меѓу Нигериецот и клубот, кој е актуелен шампион на Италија.


Имено, Осимен тешко го поднел видеото кое неговиот тим Наполи го објавил на социјалната мрежа ТикТок, толку многу што од Инстаграм ги избришал сите негови фотографии во дресот на тимот на Наполи и преку својот адвокат испратил последно предупредување до сите.

„Она што се случи на официјалниот профил на Наполи, „ТикТок“ е неприфатливо. Видеото во кое се исмејува Виктор беше споделено со сите, а потоа избришано. Тоа е сериозен факт, кој предизвикува штета на фудбалерот, кој добива страшен третман од неговиот клуб додека страда од лажни вести и осуди во медиумите“, изјави Роберто Календа во име на Осимен и најави потенцијална тужба.

На видеото можеше да се види како со „бебешки“ глас менаџерот на Наполи го исмева Осимен, кој побара да изведе пенал против Болоња (0:0) и подоцна го промаши.

Наполи вечерва го пречекува Удинезе во шестото коло од Серија А и ќе се види дали ќе игра Осимен и како ќе реагираат навивачите по се што се случуваше претходните денови.

Во прилог можете да го погледнете контроверзното видео поради кое Осимен „полуде“, а во меѓувреме е избришан од Наполи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови