
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска се обрати пред домашните медиуми и ги коментираше актуелните прашања од клупскиот и репрезентативниот фудбал, со посебен акцент на „болното прашање“ – спортската инфраструктура во земјава.
Тој истакна дека проектите за изградба на стадионите во Штип, Кичево и Охрид бележат значителни застои, соочени со пробиени рокови и сериозни недостатоци. Најкритичен пример е трибината на Градскиот стадион во Штип, каде што, според Омерагиќ, и покрај тоа што ФФМ ги исплатила сите обврски во висина од речиси 2,3 милиони евра, проектот не е довршен, а градежните пропусти се бројни.
„Проблемот со новата трибина во Штип е што не е завршена. Роковите се пробиени и одбивме да го потпишеме примопредавањето. Има ’мал милион‘ недостатоци, а потрошени се многу пари. Реално, вака не може да има примопредавање или технички прием – тука нема дилеми“, изјави Омерагиќ.
Крајниот рок за завршување на проектот е 31 јули 2025 година, а според него, сè укажува дека и овој рок ќе биде пробиен. Доколку тоа се случи, ФФМ најавува дека ќе преземе институционални мерки преку надлежните државни органи, согласно законските норми во земјава.
„Ако рокот не биде испочитуван, раководството на ФФМ ќе преземе соодветни институционални мерки за неисполнување на договорот,“ додаде претседателот на ФФМ.
Слична е и состојбата со трибините во Охрид и Кичево, каде веќе е ангажиран нов надзор, а федерацијата разгледува алтернативни решенија за евентуална финализација на овие инфраструктурни проекти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Талевски: Оваа Македонија У21 има победнички менталитет

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Чурлинов се збогува со Јагиелонија

Евро-фудбал
Кристијано Роналдо му кажа „чао“ на Ал-Наср
