
Италијанскиот калчолигаш Милан на крајот од сезоната ќе остане без искусниот напаѓач Оливие Жиру. Французинот одлучи да се пресели во МЛС – лигата.
Жиру беше еден од најзаслужните за освојувањето на „скудетото“. На 120 меча досега за „росонерите“ постигна 46 гола и забележа 20 асистенции.
Сепак, тој на 30 септември ќе наполни 38 години и сака да замине преку Атлантикот.
Жиру пред Милан го носеше дресот на Челси, Арсенал, Монпелје и на Гренобл. За француската репрезентација играше 129 пати и постигна 59 гола.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
