Францускиот интернационалец Оливие Жиру сериозно ја разгледува можноста за заминување од „Стемфорд бриџ“ во зимскиот преоден рок. Тој има мала минутажа во тимот на Франк Лампард и сака да го напушти Челси за да обезбеди сигурно место во репрезентацијата на Франција во пресрет на Европското првенство идното лето.
Жиру има понуди од Милан и од Олимпик Марсеј и најверојатно ќе прифати една од нив, а приоритет ќе има тимот што ќе му даде поголеми гаранции дека ќе игра во континуитет. Тој сака со добри игри и голови да го убеди селекторот Дидие Дешамп дека треба да биде дел од составот на „триколорите“ што ќе учествува на ЕП 2021.
Оваа сезона, Оливие Жиру има малку настапи во Премиер – лигата, но доби поголема минутажа на европските мечеви на Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













