Connect with us

Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски

Словенечкиот шампион Олимпија Љубљана е на чекор до реализација на најголемиот трансфер во историјата на словенечката фудбалска лига. Според реномираниот словенечки портал „Екипа“, станува збор за потенцијалниот трансфер на македонскиот репрезентативец и најдобар фудбалер на хрватскиот прволигаш Вараждин, Димитар Митровски.

Олимпија е подготвена да плати отштета од еден милион евра за 26-годишниот Митровски, што би значело нов рекорд како за клубот, така и за целата лига. Досега најскапото засилување на „змајчеките“ беше Блесинг Елеке, кој беше платен 800.000 евра.

Митровски, кој пристигна во Вараждин во 2023 година, за кратко време стана клучен играч на тимот. Неговите настапи му донесоа и номинација за најдобар играч на ХНЛ оваа сезона.

Спортскиот директор на Олимпија, Горан Боромиша, го означи Митровски како приоритетна цел за летниот преоден рок. Средствата за трансферот се веќе обезбедени преку неодамнешните и очекуваните продажби на играчи како Марсел Ратник, Рал Флоруч, Матевж Видовшек и Петер Агба.

Ангажманот на Димитар Митровски е дел од поширокиот план на Олимпија да состави конкурентен тим за квалификациите за Лигата на шампионите и да ја одбрани титулата во домашниот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови