
Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го продолжува престојот во кипарскиот шампионат откако денеска и официјално потпиша нов договор со тимот на АЕК Ларнака. Искусниот голгетер во последните сезони се наметна како лидер на оваа екипа, по што управата инсистираше на негово останување и во наредните две сезони.
„АЕК Ларнака има чест и задоволство да објави дека нашиот лидер Иван Тричковски се одлучи да го продолжи договорот со клубот на уште две сезони“, стои на официјалната страна на кипарскиот клуб.
Тричковски пристигна во АЕК Ларнака пред четири и пол години. Во овој период тој забележа 163 настапи за клубот од Ларнака на кои постигна 67 гола во лигата, 10 во купот и 20 во Европа со што е прв стрелец во историјата на клубот во европските натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal