
Министерството за спорт на Шпанија одлучи да одложи два натпревари од Ла Лига викендов. Љубителите на фудбалот ќе бидат лишени од дербито на шпанското првенство помеѓу Севилја и Барселона, кое требаше да се одигра в сабота, исто како и натпреварот помеѓу Вилјареал и Алавес.
Како причина е наведено дека овие тимови имаат голем број јужноамерикански фудбалери кои играа за своите репрезентации минатата недела, и тие не би биле во конкуренција за првенствените натпревари во Ла Лига викендов поради здравствените мерки против Ковид-19. Ла Лига испрати барање до Министерството за Шпанија, кое го усвои предлогот.
Ова значи дека играчите на Барселона ќе имаат уште неколку дена за одмор пред натпреварот од Лигата на шампионите со Баерн Минхен во вторник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
