
Првата фудбалска лига на Македонија почнува претстојниот викенд, а првото коло нема да биде комплетно. Одложени се натпреварите на Шкупи и на Шкендија, кои утре ќе имаат гостување во Стокхолм, односно во Даблин, од европската програма.
Шкендија во првото коло ќе игра против Скопје, но наместо викендов, тој меч е закажан за 17. август, а Шкупи својот меч против Тиквеш на гости ќе го игра на 7. септември.
В сабота првенството почнува со натпреварот Струга Трим Лум – Победа. В недела ќе се играат натпреварите Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница. Сите дуели стартуваат во 17.30 часот.
Македонија ЃП е слободна поради откажувањето на Ренова од настапот во Првата лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
