Реванш натпреварот од плеј-аутот на Серија Б меѓу Салернитана и Сампдорија е одложен од 20 јуни за 22 јуни поради масовно труење со храна кај фудбалерите на Салернитана.
Како што соопштија од клубот, вкупно 21 член на Салернитана, меѓу кои голем број фудбалери и членови на стручниот штаб, се отруле со храна по првиот меч од плеј-аутот што се одигра во неделата во Џенова.
Сампдорија славеше со 2-0 на тој натпревар и има големи шанси да ја избегне првата преселба во Серија Ц во клупската историја. Победникот од плеј-аутот ќе остане во Серија Б, додека поразениот ќе испадне во Серија Ц.
Претходно, Сампдорија, финалист во Лигата на шампионите во 1992 година, доби можност да игра плеј-аут и да избегне испаѓање, откако екипата на Бреша беше исфрлена од Серија Б поради финансиски проблеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













