
Фудбалската Федерација на Македонија одреди популарна цена од 150 денари за влезниците за премиерниот домашен натпревар од квалификациите за ЕВРО 2020, во кој нашиот национален тим ќе се сретне со Летонија.
Верните навивачи на нашиот национален тим ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Летонија преку продажната мрежа на МКТицкетс. Билети ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“.
Македонија ги отвора квалификациите на 21. март со домашна пресметка против Летонија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје (20:45 часот), а три дена подоцна гостуваме на „Стожице“ во Љубљана против Словенија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
