
Енис Барди и Леванте ги очекува тешка борба за опстанок до крајот на сезонава откако долгата серија без победа продолжи и со денешното домашно реми против Еспањол (2-2).
Слично ако и на претходните домашни средби, Леванте имаше далеку поголем посед на топката од противникот, но наивноста во одбраната му создава големи проблеми на тимот од Валенсија сезонава. Еспањол два пати стигнуваше до предност, но Леванте стигна до реми благодарение на погодоците на Везо и на Рокина. Токму Рокина две минути по израмнувачкиот погодок доби црвен картон, оневозможувајќи тотална офанзива на Леванте и обид за победа во последните десетина минути од мечот.
Барди се најде одлична шанса во 94. минута, се ослободи од својот чувар во завршницата и се обиде несебично да проигра еден од соиграчите, по што и таа можност отиде во неповрат.
Тимот на Барди е без триумф во „Ла Лига“ од 16 февруари, па неслучајно падна на 17. место на табелата, со само два бода предност во однос на Валјадолид во битката за опстанок. Во следните две кола Леванте го очекуваат два тешки предизвици, дуели со Бетис и со Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
