Арсенал ја плати цената за грешките при поразот од Вест Хем (0-2) во Премиер – лигата, истакна капитенот Мартин Одегард, кој го повика тимот да учи од своите грешки.
Домаќинот Арсенал имаше двојно повеќе шанси за гол од својот противник, Букајо Сака ја погоди стативата, а Габриел Жесус и Габриел Мартинели пропуштија добри шанси за гол додека одминуваше натпреварот.
„Мислам дека создадовме повеќе од доволно шанси да постигнеме голови и да го добиеме натпреварот. Ни недостигаа малите детали и завршното додавање“, прокоментира Одегард.
„Мораме да ја научиме лекцијата и да се погрижиме да бидеме поефикасни пред голот. Примавме лесни голови, така се решаваат натпреварите. Едноставно не бевме доволно добри… Тоа беше нашиот последен домашен натпревар оваа година и сакавме да дојдеме до победа, но тоа едноставно не беше наш ден. Мораме да го погледнеме нашиот настап, да учиме од него и да продолжиме понатаму“, заклучи капитенот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













