
Норвешкиот интернационалец Мартин Одегард сака повторно да си замине од Реал Мадрид. Причината е малата минутажа, па тој побарал од тренерот Зинедин Зидан да му дозволи да замине на позајмица. Одегард играше како позајмен играч во Реал Сосиедад и беше навистина одличен, еден од најдобрите играчи за врска во Ла Лига, „кралевите“ го вратија со најава дека конечно е подготвен да ги преземе конците на играта и на Реал Мадрид, но, сепак, Зидан многу малку верува во него оваа сезона.
Одегард одигра само 367 минути по враќањето во Реал Мадрид, па иако отсуствуваше и принудно поради повреди на бутниот мускул и на коленото, Зидан му довери само пет минути на последните шест натпревари. Ова е доволна причина за Мартин Одегард да побара да замине на нова позајмица во тим каде би бил еден од носителите на играта.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
