Шкендија и Вардар денеска од 14 часот во Тетово во нова дерби пресметка, овој пат во 19. коло од Првата македонска фудбалска лига на стартот од пролетниот дел во шампионатот.
Лидерот на табелата, со најновите засилувања во тимот, и дефинитивно ја носи фаворитската улога и пред денешната пресметка и во трката за шампионаската титула. Но, од таборот на Вардар порачуваат дека ниту најмалку не планираат предвремено предавање во трката за трофејот. Напротив, веруваат дека можат и до бодовите од Тетово сега и со Бразилецот Хуан Фелипе во своите редови.
И самиот Фелипе, веднаш по враќањето во вардаровиот дрес, потенцираше дека е тука за да титулата ја вратат таму каде што припаѓа.
„Се вратив за повторно да се обидеме да дојдеме до титулата, и да ја вратиме онаму каде што припаѓа. Ќе биде тешко во пролетниот дел, но ќе се бориме, и јас се надевам и посакувам со добри игри и со добри резултати, повторно да бидеме на првото место на крајот од сезоната. Некои од играчите се нови, јас не ги знам, меѓутоа поголемиот дел ги познавам. Вардар има квалитет, Вардар секогаш оди на победа, на прво место, и така ќе биде и во овој втор дел од сезоната“ – вели Фелипе.
Натпреварот меѓу Шкендија и Вардар од 19. коло во ПМФЛ ќе го суди Димитар Мечкаровски. А, во живо, ќе може да го следите на ТВ платформата на Фудбалската федерација на Македонија (http://tv.ffm.mk/).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













