Connect with us

Од Шевченко за Левандовски: Капитенската лента со боите на Украина ќе ја носи на Мундијалот

Легендарниот украински напаѓач Андриј Шевченко на Роберт Левандовски му подари капитенска лента изработена во боите на украинското знаме. Полскиот напаѓач на својот Инстаграм објави фотографија од средбата со Шевченко на Националниот стадион во Варшава и вети дека ќе ја носи лентата за време на Светското првенство во Катар кон крајот на оваа година.


„Ти благодарам Андриј. Ми беше задоволство што те запознав! Ќе ми биде чест да ја носам оваа капитенска лента во боите на Украина на Светското првенство“, напиша Левандовски.


Левандовски веќе ја носеше капитенската лента во боите на украинското знаме за репрезентацијата на Полска на 29 март на натпреварот против Шведска, кога неговата селекција избори пласман на Светското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови