
Новиот прволигаш Гостивар се наоѓа на крстопат, а тукушто влезе во Првата лига. Најголем дел од тие што го обезбедија пласманот во елитата, второто место во Втората лига во сезона без пораз, си заминаа од клубот. Најново име што заминува е единствениот гостиварец, Бирол Топчиу кој беше асистент во стручниот штаб и на Октај Дерелиоглу, а потоа и на Мурат Дабан.
Топчиу можеби беше и базичниот сегмент досега, преговараше со фудбалерите, беше многу повеќе од асистент, беше и преведувач во клубот, со оглед дека знае и македонски, и турски и албански јазик, во мултинационалниот тим и клуб.
„После 10 години сме во Прва лига, нешто прекрасно. Како единствен гостиварец во екипата, легенда на клубот и на градот, чест ми е што бев дел од тимот што го заслужи пласманот во елитата. Најзаслужен што влегов во Првата лига е претседателот Енес Уста. За жал, не сум веќе дел од екипата поради тројца во клубот, а зошто – само тие знаат“, објави Топчиу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
