
Од ФК Дрита реагираат на судењето на натпреварот против Пелистер во Битола од 3. коло во Втората лига – Запад. Од тимот од Боговиње се незадоволни од судењето на главниот судија Константин Влахо, барајќи од Судиската комисија да следи казни за судиската четворка.
СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ДРИТА ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
Фк “Дрита” АД со пораз и со горчина се враќа од Битола од натпреварот против Фк “Пелистер” АД во рамките на 3. коло во Втора македонска лига – Запад одигран на ден 07.09.2019 во 16.00 часот.
Горчина не поради поразот, туку поради фактот што нашиот тим е отштетена од судиската четворка особено од главниот судија Константин Влахо од Скопје.
Имено при резултат 1:1, во 54 минута на сцена стапи главниот судија, каде од сите присутни на стадионот само тој виде игра со рака во нашиот казнен удар и досуди пенал во корист на противничката екипа. Со тоа целосно влијаше на крајниот резултат на денешниот натпревар.
Исто така во 85. минута досуди уште еден сомнителен казнен удар за домашната екипа, каде прекршокот е направен надвор од казнен простор.
Главниот судија и по сите овие настани во текот на целиот натпревар, по завршувањето на натпреварот уште му се закануваше на нашиот преставник дека и во Боговиње исто би настапил како денес во Битола (за што ке биде подготвена пријава со докази за да се подигне дисциплинска постапка против истиот “КАБАДАХИЧЕН СУДИЈА”).
Бараме од Судиската Комисија да се разгледа снимениот матриал од натпреварот и судијата Константин Влахо да биде драстичен казнет. Во спротивно ќе се отвора сомнеж дека Комесарот за делегирање намерно делегира судија за да постапува на натпреварот така како што постапи во Битола.
На крај остануваме со надеж дека нашите барања ќе се разгледаат и анализират добро, за во иднина истите намерни грешки да не се повторат, во спротивно првенството нема да има КРАЈ.
Спортски Поздрав,
Фк Дрита АД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
