Connect with us

Од четвртиот шешир, по потешкиот пат ќе бркаме Мундијал

Македонската фудбалска репрезентација ќе влезе во баражот за пласман на Светското првенство 2026 од последниот, четврти барабан – што стана сосема јасно по вечерашниот тежок пораз на гостувањето кај Велс со 1-7.

Дебаклот во Кардиф е најтешкиот пораз во последните децении, покрај седумте гола (7-0) од Англија на „Олд Трафорд“, а избраниците на селекторот Благоја Милевски за само 90 минути примија повеќе голови отколку на претходните седум меча заедно (вкупно три).

Поради ова, Македонија во полуфиналето од баражот ќе добие противник од најсилната четворка – Италија, Турција, Данска или Украина. Полуфиналето ќе мора да го играме на гости, без разлика кој ќе ни биде ривал.

Доколку дојдеме до триумф, Македонија ќе се пласира во финалето од баражот, каде што домаќинот ќе биде одреден со ждрепка. Потенцијален противник ќе биде еден од победниците од дуелите меѓу тимовите од вториот и третиот барабан.

Ждрепката ќе се одржи в четврток, а бараж-средбите се закажани за март идната година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови