Connect with us

Објавен е чекот со најголема вредност во светот на фудбалот, за трансферот на Нејмар во ПСЖ (ФОТО)

Нејмар, еднa од најголемите бразилски фудбалски ѕвезди, го држи рекордот за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Во август 2017 година, Пари Сен Жермен плати неверојатни 222 милиони евра за да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Барселона, што го направи Нејмар најскапиот играч на сите времиња.

Трансферот беше потврден преку уплата од 222 милиони евра, извршена преку чек од Националната банка на Катар, а не директно од Пари Сен Жермен, како што неодамна беше објавено на интернет. Со овој трансфер, Нејмар стана симбол на финансиската моќ и амбициите на ПСЖ, кој имаше цел да ја освои европската титула.

По напуштањето на европскиот фудбал, Нејмар се пресели во Ал-Хилал, клуб од Саудиска Арабија, каде што потпиша договор вреден околу 120 милиони евра по сезона. Сепак, неговиот престој во Саудиска Арабија е обележан со серија повреди кои сериозно влијаат на неговата форма и достапност.

Досега, Нејмар одигра само неколку натпревари, а последната повреда, здобиена во азиската Лига на шампионите, дополнително го отежнa неговото учество во тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови