
Полицијата досега уапси триесетина членови на криминалниот клан на Вељко Беливук. Истрагата продолжува и во други правци. Се испитува поврзаноста на групата со други криминални организации, но и тековите на парите. Под истрага во моментов се повеќе од 70 лица и компании.
И покрај сето ова навивачката група која се нарекува Принципи и натаму е активна.
„Тие се обезглавени, но не се растурени, тоа е сериозна оргaнизација, имаат воена структура. Навивачите на Партизан знаат како да дејстуваат во илегала. Се заборавајте дека речиси целиот врв на групата беше уапсен по едно убиство, а тие не престанаа да постојат. Поминаа неколку месеци и се опоравија“ – вели новинарот Милош Лазиќ.
Дека групата Принципи постои докажуваат графитите со поддршка за Беливук низ целиот Белград како и „бакљадата“ во чест на роденденот на Марко Миљковиќ.
„Изгледа дека групата уште постои, мораат заради себе да докажат дека се тука, дека се присутни, дека се силни за да си ги задржат позициите на трибините, позициите во бизнисот. Но и заради безбедност затоа што многумина сега ќе сакаат да им се одмаздуваат“ – вели Лазиќ.
Ако се гледа само превласта на трибините, Принципи се во судир со сите други навивачки групи. Некои од водачите на другите групи се или исчезнати или убиени. За тоа сите ги обвинуваат Беливук и неговата екипа и токму затоа може да се очекува да има одмази. Се разбира, превласта на трибините со себе носи и дел од колачот во трговијата со дрога.
Проценките се дека главното јадро на групата го сочинуваат околу 200 луѓе. Во моментов тие сите не се уапсени. Триесетина се во притвор што значи дека другите директни членови се раширени низ целиот град.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
