
Напаѓачот на Челси, Пјер-Емерик Обамејанг, би можел да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес, клубот од МЛС лигата.
Менаџерот на Челси, Грем Потер, не смета на овој играч, но Обамејанг во јануари не можеше да замине во друг европски клуб, бидејќи оваа сезона покрај за сините од Лондон, веќе настапуваше и за Барселона.
Обамејанг заработува 250.000 фунти неделно, а Потер не го вметна во списокот за настап во Лигата на шампионите. Сепак, сега како опција се појави можноста 33-годишниот напаѓач да ја продолжи кариерата во МЛС шампионот, Лос Анџелес.
По заминувањето на Герет Бејл, Лос Анџелес има простор за нова ѕвезда, а Обамејанг би бил одлично решение за нив.
Обамејанг оваа сезона одигра 17 натпревари за Челси во сите натпреварувања. Тој постигна три гола и забележа една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
